Книга на внуката на Трамп: Мамењето е начин на живеење на чичко Доналд

Внуката на американскиот претседател, Мери Трамп, пишува во својата книга дека Доналд Трамп е токсичен, чуден и мамењето е неговиот начин на живеење, и дека  го омаловажувал својот татко кога почнал да страда од Алцхајмерова болест, се вели во мемоарите објавени во понеделникот.

Издавачката куќа „Симон и Шустер“ го најави објавувањето на книгата „Премногу и никогаш доволно“ на 14 јули, наместо на 28 јули.

Американскиот претседател и неговото семејство се обидоа да го спречат објавувањето на книгата на суд. Издавачот објасни дека тој го преместил датумот на објавување на книгата порано поради голема побарувачка и исклучителен интерес.

Крис Бастарди, портпарол на Мери Трамп, се прашува зошто претседателот и неговото семејство сè уште се обидуваат да го спречат објавувањето на книгата.

„Обидот на претседателот да замолчи приватно лице е само последниот во низата проблематични потези кои веќе ја дестабилизираа поделената нација соочена со глобална пандемија“, рече Бастарди, прашувајќи од што се плаши Доналд Трамп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.