Ваквата состојба со вирусот ќе трае уште барем осум месеци, смета рускиот министер за здравство

Ситуацијата со коронавирусот во Русија ќе трае најмалку уште осум месеци, изјави денеска рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

„Според мое мислење, малку е веројатно дека враќањето во нормала - концерти, летови, нормална работа и летувања на какви што сме навикнати ќе се случи пред февруари следната година“, рече Мурашко, а пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Во моментов во Русија се регистрирани повеќе од 667.000 случаи на зараза со новиот коронавирус и е трета земја по бројот на заразени, по САД и Бразил.

Речиси 10.000 луѓе, меѓу кои и околу 500 медицински работници, починале од Ковид-19 во Русија, покажува официјалната статистика.

Како што стапката на инфекција опаѓа, повеќето руски региони започнаа со олеснување на рестриктивните мерки по двомесечниот карантин, а министерот нагласи дека носењето маски на јавни места останува задолжително за да се спречи ширењето на инфекцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.