Црна Гора со парични казни и до 20.000 евра ќе го спречува ширењето на коронавирусот

Во Црна Гора стапи на сила закон кој предвидува парични казни за непочитување на мерките за борба со коронавирусот.

Од синоќа, со влегувањето во сила на новиот закон за заштита од коронавирус, Управата за инспекциски работи на Црна Гора ригорозно започнува со казнување прекршоци на наредбите за спречување на ширење на вирусот, а предвидените казни се движат од 500 до 20.000 евра.

Откако синоќа во „Службен весник“ беше објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Владата објави дека се предвидени казни од 2.000-20.000 евра за правни лица, од 200-2.000 евра за лица одговорни во правни лица и од 350 до 6.000 евра за фирми кои не обезбедуваат физичко растојание и заштитна опрема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.