Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на еден од учениците му бил дијагностициран коронавирус.

Според неофицијалните извештаи на медиумите, момчето било тестирано откако било потврдено дека неговата мајка е заболена од вирусот, а тоа немало никакви симптоми на болеста.

„Мора да бидеме крајно внимателни, така што учениците од тоа одделение остануваат во карантин наредните 14 дена, додека сите други ученици и вработени сè уште можат да доаѓаат на часови нормално, со спроведување на превентивните мерки како и досега“, изјави за весникот „Вечер“ во Марибор Лидија Тодоровиќ, директорка на ОУ „Лудвик Плибершек“.

Ова е прв потврден случај на коронавирус во вториот по големина словенечки град по еден месец.

Градоначалникот на Марибор, Сашо Арсеновиќ, пред две недели веќе го прогласи Марибор за прв град без коронавирус во државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.