Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало напади врз полицајци.

Четворица полицајци се повредени во пукање во Сент Луис и биле пренесени во локална болница. Тие се во стабилна состојба, а нивните повреди не се опасни по живот. Полицијата потврди дека престрелките продолжуваат во центарот на градот.

Покрај тоа, двајца полицајци се повредени во Бафало, во сојузната држава Њујорк. Тие биле удрени со автомобил во понеделникот вечерта, а еден од нив е во сериозна состојба, но неговите повреди не се опасни по живот. Другиот полицаец е во стабилна состојба.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, беше во Бронкс и на „Твитер“ објави дека има проблеми на  Фордхам Роуд и авенијата Бурнсајд.

Демонстрантите во округот Каптол Хил во Сиетл гаѓале кон полицијата со камења, шишиња и пиротехника и се обиделе да ги пробијат барикадите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.