СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат експертите од Светската здравствена организација (СЗО).

„Нема промена во однос на преносот, нема промена во однос на јачината“, рече епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхов.

„Најважно е да се спроведуваат мерките за намалување и сузбивање на преносот“, рече таа.

Некои водечки италијански лекари во неделата изјавија дека вирусот значително ослабнал и дека тој веќе клинички не постои во земјата, што предизвика полемики и негодувања кај експертите.

„Пред еден месец можевме да чуеме дека епидемиолозите се плашат од нов бран кон крајот на мај и почетокот на јуни и од којзнае колку зафатени легла во одделенијата за интензивна нега. Во реалноста вирусот, клинички кажано, повеќе не постои“, изјави Алберто Зангрило за италијанските медиуми, директор на одделот за интензивна нега на Универзитетската болница „Сан Рафаел“ во Милано.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.