Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во Лондон се уапсени 11 демонстранти.

Полицијата во Лондон соопшти дека до апсење дошло поради напад на полициски службеник или носење оружје, како и дека сите уапсени се на возраст меѓу 17 и 25 години, синоќа пренесе британски „Сан“.

Учесниците на протестот најпрво се собрале на плоштадот Трафалгар, а потоа преку ВЕстминстер дошле до американската амбасада во Лондон, носејќи транспаренти на кои пишувало „за расизам нема место“, „без правда нема мир“.

Како што наведуваат медиумите, протестите во главно биле мирни, многумина носеле маски на лицето, а во знак на протест кревале тупаница во воздухот.

Освен во Лондон, протести имаше и во британските градови Манчестер и Кардиф, како и во Франција, Германија и Данска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.