Ердоган: Турција нема да дозволи Израел да заземе нови територии на Западниот Брег

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, му се закани на Израел поради планот на неговата нова влада да анектира делови од Западен Брег, пренесува „Мидл ист монитор“.

„Сведоци сме на нов план за окупација и анексија од страна на Израел, кој му се заканува на палестинскиот суверенитет и е спротивен на меѓународното право“, рече Ердоган додавајќи дека Турција е единствениот глас што ги брани Палестинците денес.

Турскиот шеф на државата нагласи дека неговата земја нема никому да му дозволи пренесување на палестинската земја осудувајќи го актуелниот светски поредок.

„Светскиот поредок ги изневери Палестинците и не ги донесе успешно мирот, правдата, безбедноста и редот во овој дел од светот“, посочи Ердоган.

Тој ги посочи Ерусалим и на Ридот на храмовите како света локација за три религии нарекувајќи ја црвена линија за муслиманите во светот.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера повтори дека Израел има историска можност да ги анектира еврејските населби во Западниот Брег и мора да ја искористи можноста во јули.

Плановите на Нетанјаху се во согласност со планот за Блискиот Исток, обелоденет од администрацијата на САД уште во јануари, со кој се одобрува проширувањето на израелскиот суверенитет на речиси 30 отсто од Западен Брег.

Сепак, целиот мировен план во голема мера во сенка изминатите неколку месеци, поради пандемија на коронавирусот, е одбиен од Палестинците, кои сметаат дека Западен Брег е територија за идната палестинска држава.

Претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас, минатата недела објави дека ги прекинува сите безбедносни врски со Израел поради прокламираните намери на Нетанјаху.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.