Нетанјаху: Имаме историска можност да го анектираме Западен Брег во јули

Израел има историска можност да ги анектира еврејските населби на Западниот Брег и мора да ја искористи можноста во јули, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува „Џерусалем пост“.

„Првпат од 1948 година постои историска можност да се примени суверенитетот на договорен начин како дипломатски, суверен акт на државата Израел во Јудеја и во Самарија. Ова е можност што не треба да се пропушти“, им рече Нетанјаху на групата пратеници од Ликуд користејќи го библискиот термин за Западен Брег.

Тој додаде дека во никој случај не е подготвен да го смени предвидениот датум во јули. Условите за договорот за коалиција помеѓу Нетанјаху и шефот на синобелите, Бени Ганц, предвидуваат дека анексијата би можела да биде изнесена на гласање во Кнесетот уште на 1 јули.

Лидерот на Јисраел Бејтену, Авигдор Либерман, кој е постојан поддржувач на мировниот план на администрацијата на Трамп, исто така изврши притисок врз Нетанјаху да продолжи со анексијата.

„Ако не го сториме тоа сега, никогаш нема да се случи“, рече тој.

Планот на Трамп предвидува и демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западниот Брег со делови од источен Ерусалим, кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда како нејзин главен град.

Палестинците исто така ќе добијат економски пакет во висина од 50 милијарди американски долари ако се согласат со условите на договорот, кој вклучуваат запирање на поттикнувањето терор и ставање крај на нивната т.н. шема плати за убивање давајќи финансиски стипендии за осудени терористи и нивните семејства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.