Грчки свештеник испрашуван од црковните власти затоа што давал причесна со повеќе лажички

Православен свештеник од грчкиот остров Крит бил повикан да одговара пред црковните власти затоа што барал причестувањето на верниците да се изврши со повеќе лажички, а не само со една.

На веб-страницата на атинскиот весник „Ефимерида тон синтактон“ (ЕФСИН), беше пренесена неговата изјава дека според тоа верува дека „нешто тргнало наопаку во нашата Црква“, пренесува „Мондо“.

„Јас ќе се бранам како што знам и нема да одговорам со лажна понизност“, рече свештеникот Хараламбос Копанакис од Крит.

Тој беше повикан на постапка пред црковните власти затоа што, за да ги заштити верниците среде пандемијата, рекол дека е опасно да се даде причест на сите со иста лажичка и дека тоа треба да се промени во сите цркви во Грција.

Во последните неколку дена, 44-годишниот свештеник беше цел на напади на екстремни црковни кругови кои „ја бараат неговата глава“ - да биде заменет од митрополитот Макариос, под чија надлежност е тој.

Во подолг текст објавен на социјалните мрежи на 19 мај, свештеникот од Крит, меѓу другото, напиша: „Во времето кога беше воведена употребата на истата лажичка за сите, последното нешто што луѓето би можеле да претпостават е можноста за пренесување на болест“.

Треба да се има предвид, продолжи Копанакис, дека до пред еден век не бевме свесни за придобивките од миењето на рацете како основно средство за здравствена заштита.

Затоа, заклучи тој, одлуката на црквата да се користи иста лажичка за причестување на сите верници, не е донесена врз основа на здравствени критериуми, туку исклучиво од практични причини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.