Само еден нов случај на Ковид-19 во Словенија, почна наставата за сите основци

Во Словенија во изминатите 24 часа е потврден еден нов случај на коронавирус, објави словенечката влада. Со ова вкупниот број потврдени случаи е 1.469, а бројот на починати е 107.

 

Во изминатото деноноќие биле направени 256 тестови, што е значително помалку од вообичаеното за време на викендите. Во просек, секојдневно се вршеа околу илјада или повеќе тестови на ден од понеделник до петок, а околу 500 за време на викендите.

 

Во моментов, 16 лица се хоспитализирани, од кои тројца во одделенијата за интензивна нега, а нивниот број веќе некое време постојано се намалува - пред само две недели во болниците имало 40 пациенти.

 

Владата и здравствените работници веруваат дека епидемијата е ставена под контрола, па поради тоа се олеснуваат рестриктивните мерки.

 

Од денеска на настава се вратија сите ученици во основно образование, а можно е да почне наставата и за средните училишта, јавуваат словенечките медиуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.