Франција бара од граѓаните да избегнуваат да патуваат во странство ова лето

Француската влада не сака граѓаните на земјата да патуваат во странство ова лето и препорачува одмор во Франција, изјави министерката за животна средина Елизабет Борн.

 

Претходно овој месец, претседателот Емануел Макрон изјави дека Французите веројатно нема да можат да направат големи патувања надвор од земјата ова лето и дека патувањето во Европа можеби дури треба да биде ограничено за да се намали ризикот од продолжување на епидемијата на коронавирусот.

 

Во интервју за радио Франс Интер, Борн исто така рече дека следната недела владата ќе донесе одлука за евентуално олеснување на домашните правила за патувања, кои во моментов се ограничени на максимум 100 километри од адресата на живеење.

 

Париските паркови мора да останат затворени засега, бидејќи главниот град сè уште е „црвена зона“ за ширење на вирусот, објави Ројтерс

 

Градоначалничката на Париз, Ен Хидалго, повеќе пати ја повикуваше владата да ги отвори парковите, бидејќи парижаните, кои живеат претежно во станови без градини, имаат тенденција да се собираат околу затворените паркови, каде е тешко да се следат правилата за социјална оддалеченост, објавија медиумите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.