Борис Џонсон преместен на интензивна нега, му се влошила состојбата

Британскиот премиер Борис Џонсон е преместен на интензивна нега откако неговата состојба се влошила, соопшти Даунинг стрит.

Тој синоќа беше сместен во болницата „Свети Томас“ во Лондон, десет дена откако му беше дијагностициран коронавирус.

„Во текот на ова попладне, состојбата на премиерот се влоши и, по совет на неговиот медицински тим, тој е пренесен во единицата за интензивна нега во болницата“ изјавил неговиот портпарол.

Според британските медиуми, Џонсон е се уште свесен и дише со помош на маска за кислород.

Одлуката за да го преместат на интензивна нега била донесена вечерва околу 19 часот по локално време. Министерот за надворешни работи Доминик Раб ќе го заменува на функцијата.

55-годишниот Џонсон беше тестиран позитивен на Ковид-19 на 26 март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.