Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од тутун, за да се намали ризикот од зараза со корнавирус.

„Најдобро што може да направи тутнската индустрија во борбата против Ковид-19 е во истиот момент да престане со производство, маркетинг и продажба на тутун“ рече Ган Кван, здравствен претставник и директор на меѓународниот сидникат во борбата против туберкулоза и болести на белите дробови.

Група експерти од подрачјето на респираторните болести и специјалисти за болести на белите дробови исклучиво се загрижени за влијанието на Ковид-19 на 1,3 милијарди пушачи во светот, особено во оние држави во кои здравствените системи не се најдобри.

Познато е дека пушењето го ослабува имунитетот, го прави послаб во реакција против инфекција. Пушачите можат исто така да имаат болест на белите дробови или намален капацитет на белодробието што значително го зголемува ризикот од поголемо заболување.

Кван упати апел до сите влади во светот да имаат морален императив советувајќи ги пушачите да престанат со тоа.

„Ова е апсолутно најдобро време да се престане со пушење“ порача тој.

Неговиот синдикати објави истражување во кое се наведува дека меѓу големиот број пациенти заразени со коронавирус во Кина или останатите земји биле пушачи и дека кај нив болеста се ширела побрзо и имала поголеми компликации, како што е отежнато дишење.

Студијата била спроведена на повеќе од 1000 пациенти, а во неа се наведува дека пушачите, било да се поранешни или сегашни, поминуваат во главно полошо од останатите заразени со коронавирус.

И СЗО и Европскиот центар за контрола и превенција на болести исто така предупредуваат дека пушењето ги изложува луѓето на сериозни компликации со болеста на Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.