Осуден убиецот на словачкиот новинар Јан Куцијак

Судот во Словачка денеска го осуди Мирослав Марчек на 23 години затвор за убиство на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка, пренесе „Ројтерс“.

Поранешниот припадник на вооружените сили, 37-годишниот Марчек, со огнено оружје ги убил Куцијак и Мартина Кушнирова во февруари 2018 година.

Марчек, кој не присуствувал на изрекувањето на пресудата, ја признал вината за убиството, кое предизвика протести во земјата и на крајот доведе до пад на словачката влада.

Обвинителот, кој барал 25-годишна казна за Марчек, поднел жалба на пресудата. Куцијак се занимавал со известување за корупција и поврзаност на влијателни бизнисмени со високи политичари и највисоки функционери во правосудството и полицијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.