Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена кај него беше потврдено дека е инфициран од Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

„Скај Њуз“ пренесува дека кај Џонсон се уште се присутни симптомите на коронавирусот и дека тој има висока температура, па од тие причини бил пренесен во болница.

Според британските медиуми, во случајов повеќе станува збор за превентивна, отколку за итна мерка. Непознато е дали британскиот премиер ќе остане во болницата цела вечер за понатамошни испитувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.