ЕК ги укина царините и даноците за увоз на медицинска опрема

Европската комисија (ЕК) ги прифати барањата од земјите-членки на Европската унија (ЕУ) и од Велика Британија да го суспендира данокот на додадена вредност (ДДВ) и царинските давачки за увоз на медицински помагала и заштитни средства за сузбивање на пандемијата на коронавирус.

„Во наредните шест месеци нема да се наплатуваат никакви давачки или ДДВ за заштитни маски, тестови и респиратори“, одлучи ЕК.

Одлуката ќе важи ретроактивно до 30 јануари, а укинувањето може да се продолжи по шест месеци.

„Со суспендирање на ДДВ-то и царините за увоз на овие производи од земји кои не се членки на ЕУ, Комисијата ќе ги направи подостапни“, рече еврокомесарот за економија, Паоло Гентилони.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.