Бројот на починати од коронавирус во Србија се искачи на 44

Во изминатите 24 часа во Србија се потврдени 148 нови случаи на коронавирус, и уште пет починати, вкупно 44 досега. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 1.624 заразени.

Хоспитализирани се вкупно 1.046 пациенти, од кои 89 се на респиратори. Од официјалниот почеток на епидемијата до денеска во 15 часот, тестирани се вкупно 6.401 лице.

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски заболувања во Белград, др. Горан Стевановиќ, изјави денеска дека и бројот на заразените и бројот на починатите би биле многу повисоки доколку надлежните не спровеле строги превентивни мерки.

Од денес во Србија на сила е дополнителен полициски час за време на викендот од сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот наутро, со можност сопствениците на миленичиња да излезат од 23 до 1 часот, но не повеќе од 200 метри оддалеченост од местото на живеење.

Полицискиот час во работните денови е од 17 до 5 часот.

Вонредната состојба во Србија беше воведена на 15 март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.