Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од пандемијата на коронавирусот.

„Корона обврзниците нема да решат ниту еден проблем, а кој не е можно да се реши со постоечките инструменти“ нагласил Шојбле за сајтот на весникот „Цајт“.

Тој вели дека во кризата тие што ги носат одлуките, мораат да се грижат за можните последици.

„Тоа со заедничко задолжување веќе нема да биде случај. Со тоа Европа нема да биде посилна, туку послаба“ оценува германскиот претседател на Бундестагот.

Италија, Шпанија, а сега и Франција, ја повикуваат ЕУ на заедничко задолжување во совладување на последиците од пандемијата.

Германија, но и Австрија на тоа катогирчно се противат, што во медиумите на погодените земји, се оцунва како недостиг на солидарност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.