Трамп: Русија и Саудиска Арабија малку да запрат со нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува Саудиска Арабија и Русија да го намалат своето производство на нафта, што е сигнал дека војната за овој енергент меѓу двете држави би можела да заврши, а цените да се зголемат на претходното ниво.

Трамп на Твитер објави дека разговарал со саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој, пак, потоа разговарал со рускиот претседател.

Just spoke to my friend MBS (Crown Prince) of Saudi Arabia, who spoke with President Putin of Russia, & I expect & hope that they will be cutting back approximately 10 Million Barrels, and maybe substantially more which, if it happens, will be GREAT for the oil & gas industry!

— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 2, 2020

Двете страни ќе го намалат производството за 10 до 15 милиони барели, тврди Трамп. Цената на нафтата, по објавата, порасна за речиси 47 отсто, пишува „Фајненш тајмс“.

Саудиска Арабија, која е најголем извозник на нафта во светот, по тоа свикала вонреден состанок на произведувачите за да се стабилизира глобалниот пазар.

Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, за ТАСС изјавил дека претседателот Владимир Путин во последно време не разговарал со саудискиот принц, по што цените на нафтата повторно паднале.

„Не, немало таков разговор“, изјавил Песков.

Нафтената војна меѓу Москва и Ријад драстично ја спушти цената на енергентот, кој веќе поевтини со намалената побарувачка поради пандемијата на коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.