Путин ги продолжува платените неработни денови до 30 април

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека платените слободни денови во Русија ќе бидат продолжени до 30 април.

 

„Сè уште не го достигнавме врвот на епидемијата во светот и кај нас. Затоа решив да ги продолжам неработните денови до крајот на месецот, односно до 30 април “, рече претседателот на Русија во обраќање до нацијата, а пренесе агенцијата „Тасс“.

 

Тој посочи дека работниците ќе бидат исплатени наредните денови.

 

„И покрај сите напори, властите не се во состојба да ја подобрат ситуацијата во врска со коронавирусот во Москва“, рече Путин.

 

„Имаме голема, многу голема земја, со различна густина на населението“, истакна рускиот претседател, додавајќи дека има региони каде што коронавирусот е веќе сериозна закана за луѓето, како што е во Москва каде и покрај сите напори, властите не можат да ја подобрат ситуацијата.

 

Путин им се заблагодари на сите што ги почитуваат препораките за превенција од ширење на вирусот и особено на докторите.

 

Сигурен сум дека сите граѓани ќе се придружат со најголема благодарност до нашите медицински професионалци, истакна Путин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.