Во Италија веќе не се пее на балконите, владее страв од сиромаштија и од мафија

Неколку дена откако беше прогласен карантин во цела Италија, луѓето почнаа да пеат и да свират од терасите и балконите.

Три недели подоцна песната престана, а социјален немир се појави кај голем дел од населението, особено во најсиромашниот југ, додека нацијата сфаќа дека сето тоа не е добро, пренесува „Гардијан.

„Тие веќе не пеат и не танцуваат на балконите“, рече Салваторе Мелузо, свештеник во црквата Каритас во Неапол.

„Сега луѓето се плашат уште повеќе, не толку од вирусот, туку од сиромаштијата. Многумина се без работа и гладни. Во јавните кујни има долги редици“, рече свештеникот.

„Гардијан“ исто така пишува дека полицијата ги обиколува поголемите продавници и внимава на кражбите. Оние кои се самовработени и оние кои работат на договори што не гарантираат социјални бенефиции, останале без плати, а многу мали работодавци ги затвориле своите фирми и прашање е дали и кога ќе ги отворат.

„Гардијан“ додава дека има знаци дека криминалците ја искористуваат ситуацијата. Во тек е истрага за активностите на фејсбук-групата „Национална револуција“, која ги охрабрувала луѓето да крадат во продавниците.

Леолука Орландо, градоначалник на Палермо, побара од владата да воспостави основен приход за опстанок на најсиромашните граѓани затоа што тие стравуваат дека криминалците би можеле да промовираат криминал.

Официјалните лица се загрижени дека мафијата ќе ја искористи лошата ситуација за да ги регрутира луѓето.

„Криминалците имаат многу пари и сега луѓето би можеле да почнат да работат за нив. А штом ќе почнат да работат за нив, веќе не престануваат“, додаде Орсина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.