Област во Кина под блокада поради страв од втор бран на коронавирус, воведен полициски час

Област во централна Кина е делумно затворена поради стравувањата од втор бран на коронавирус, додека Пекинг се обидува да излезе од смртоносната епидемија и да ја оживее економијата, пренесува „Њујорк пост“.

Речиси на 600.000 жители во близина на градот Пингдиншан во провинцијата Хенан им било речено да останат дома, а воведен е и полициски час. Провинцијата Хенан се наоѓа на околу 800 километри јужно од Пекинг и малку северно од провинцијата Хубеи, каде што пандемијата се случи во декември 2019 година.

Во известувањето се вели дека се потребни посебни дозволи за напуштање на домот, а жителите морале да ја измерат температурата и да носат маски за лице, соопшти „Саут Чајна морнинг“.

Покрај тоа, само на лица со посебни дозволи им е дозволено да патуваат на работа, а автомобилите се возат во наизменични денови, во зависнст од бројот на регистарските таблички.

Никој не може да влезе ниту да го напушти градот.

Претпријатијата во оваа област се затворени, освен комуналните служби, добавувачите на медицински производи, логистичките компании и преработувачите на храна.

Ванг Ксиао (23) за весникот изјави дека била известена во вторникот за мерките воведени во нејзината населба.

Таа рече дека властите ги повикале жителите да се снабдат со дневни потрепштини и дека секое семејство може да назначи едно лице да оди во продавницата на секои два дена.

Во неделата, во областа се пријавени три нови случаи на коронавирусот .

Оваа блокада дојде откако Кина објави дека ја победила епидемијата, а животот во Вухан, епицентарот на епидемијата, полека се враќа во нормала.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.