Претседателот на Филипините ќе нареди да ги стрелаат оние што создаваат неволи во карантин

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе им нареди на полицијата и војската да го убијат секој оној што создава проблеми за време на карантинот што е превентивна мерка за да се запре ширењето на коронавирусот.

„Ова предупредување важи за сите - слушајте ја владата, сега најважно е да има ред во земјата“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата, што се емитуваше на телевизија, јавија светските медиуми.

„Не обидувајте се да ги повредите здравствените работници, лекарите затоа што тоа е сериозно кривично дело“, нагласи Дутерте и сериозно го предупреди Филипинците: „Мојата наредба до полицијата и војската е дека ако некој создава проблеми и вашите животи се во опасност: пукајте во нив!“

Во оваа земја се пријавени 2.311 случаи на зараза, починаа речиси 100 луѓе и според медиумите, граѓаните се собираат и не ја почитуваат наметнатата забрана за движење затоа што се гладни. Оние што протестираат во Филипините велат дека тоа е затоа што немаат работа, пари, немаат што да јадат, а државата не им обезбедува основни намирници за да можат да преживеат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.