„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки маски и заштитни штитници од плексиглас за да помогне во борбата против епидемијата на Ковид-19 во земјата, пренесува „Спутник“.

Медицинските материјали, произведени во соработка со Универзитетот во Болоња, ќе бидат доставени во болницата „Сант Орсола-Малпиги“ во Болоња, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на компанијата.

Автомобилскиот производител ќе произведува 1.000 маски и 200 заштитни штита од плексиглас на ден.

„Во вонредна состојба, како што е оваа, чувствуваме потреба да дадеме конкретен придонес. Ние ќе ја добиеме оваа битка заедно со тоа што ќе работиме во единство поддржувајќи ги оние што секојдневно се во првите борбени редови против оваа пандемија“, рече Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на „Аутомобили ламборгини“.

Италија извесно време соборува мрачни рекорди во однос на бројот на починати од новиот коронавирус регистриран во текот на 24 часа, при што повеќе од 600 луѓе дневно умираат од овој вирус.

Италија останува најтешко погодена европската земја од Ковид-19 со речиси 105.800 заразени и повеќе од 12.400 смртни случаи, според статистиката на Универзитетот „Џон Хопкинс“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.