Еден ден пред самоубиството германскиот министер барал помош од ЕУ поради коронавирусот

Германија е во шок по смртта на министерот за финансии во покраината Хесен, Томас Шафер, кој во саботата си го одзеде животот.

Овој долгогодишен член на ЦДУ бил стабилна личност, одговорен и компетентен политичар на кого му претстоел врвот на кариерата. Премиерот на покраината Хесен, Вокер Бафер го сметал за свој наследник, така што неговото самоубиство ги шокирало сите во јавноста, пренесуваат германските медиуми.

За тоа колку одговорно работел сведочи и фактот што во петокот, еден ден пред неговата смрт, во министерството за финансии во Хесен било подготвено соопштение за јавност, во кое Шафер ја повикува Европската комисија да донесе подобри мерки за спас на економијата во моменти на пандемија на коронавирусот. Ова соопштение им било испратено на медиумите во 10.59 часот во саботата, четириесет минути откако било пронајдено мртвото тело на Шафер.

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ објави, повикувајќи се на полициски извори, дека Шафер оставил проштално писмо, за кое нема повеќе детали.

Неговите најблиски соработници рекоа дека министерот изминатите недели бил под силен притисок поради економската криза, која е предизвикана од коронавирусот. Тој се грижел дали ќе може да одговори на предизвиците кои се пред него и да не ги разочара граѓаните на Хесен, инаку една од најбогатите покраини во Германија, во која се наоѓа Франкфурт на Мајна, кој е финансиски центар на Германија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.