Српски доктор тврди: „Се наоѓаме на почетокот на сероизна фаза“

Во интервју за српската државна телевизија, докторот Бранимир Несторовиќ изјави дека околу 70 проценти од луѓето се очекува да бидат заразени со коронавирус и дека врвот на епидемијата допрва се очекува.

„Србија е во третата недела од епидемијата и засега добро се држиме“, вели Несторовиќ.

На прашањето дали бремените жени се заштитени од коронавирус, тој наведува дека најголемиот дел од нив не чувствуваат тегоби дури и кога се заразени.

„Повеќето заразени луѓе скоро и да немаат тегоби, тоа е голем проблем“, додава тој.

Несторовиќ оценува дека ситуацијата не треба да се сфаќа несериозно, бидејќи земјата е на почетокот на критична фаза.

„Ако во понеделник ситуацијата е слична на сегашната можеме да кажеме дека најлошата фаза е зад нас“, смета докотрот.

На прашањето што се случува со луѓето кои прво добиле негативен тест, а потоа е утврдено дека се позитивни за коронавирус, Несторовиќ објаснил дека ниту еден тест не е 100% точен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.