Де Бласио: Половина од њујорчаните ќе се заразат со Ковид-19

Повеќе од четири милиони њујорчани или 50 отсто од населението во градот ќе се заразат со коронавирусот, предупреди градоначалникот Бил де Бласио, пренесува „Њујорк пост“.

„Фер е да се каже дека половина од њујорчаните и можеби и повеќе од половина ќе се заразат“, рече Де Бласио на прес-конференцијата во Градското собрание во време кога бројот на заразени достигна 18.000, и има речиси 200 смртни случаи.

„Ова е загрижувачко, многу загрижувачко“, додаде тој.

Неговиот комесар за здравство, д-р Оксирис Барбот, рече дека процентот може да биде уште поголем до есен.

Де Бласио додаде дека не постои одреден нулти пациент во метрополата иако официјалните лица претходно идентификувале еден здравствен работник во Менхетен, кој се вратил од Иран, како прв случај на почетокот на март.

Тој ги потсети њујорчаните дека 80 отсто од луѓето кои се заразуваат со оваа болест ќе имаат благи симптоми, но дека за останатите крајот може да биде многу полош, дури и трагичен.

Болничкиот систем во градот е близу до точката на пукање. Недостигот од безбедносна опрема во болницата „Маунт Синај вест“ на Менхетен е толку сериозен што очајните медицински сестри носат вреќи за отпадоци како заштитни мантили.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.