Путин: Ќе излеземе од кризава за помалку од 2-3 месеци

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека се надева дека ситуацијата со коронавирусот ќе се подобри за помалку од 2-3 месеци.

„Одделни земји велат дека војната, така ја нарекуваат, против коронавирусот ќе трае долго, но сигурно ќе излеземе од оваа ситуација и многу порано“, рекол Путин на состанокот со претставниците на бизнис-заедницата, пренесе ТАСС.

Рускиот претседател така одговорил на забелешката на еден од учесниците на состанокот, дека кризата би можела да трае два до три месеци.

„Оваа прогноза воопшто не изгледа лошо“, рекол Путин смеејќи се.

Ситуацијата настаната поради пандемијата на коронавирусот сигурно ќе се подобри во Русија, изјавил Путин. Како што дополнил, сите граѓани кои бесплатно ги користат содржините, новите идеи и понуди на бизнис-заедницата, сигурно ќе останат нивни клиенти.

Тој рекол дека е убеден дека силните мерки воведени поради спречување на ширењето на вирусот, ќе ја забрзаат борбата против истиот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.