Падна косовската влада на Курти, собранието изгласа недоверба

Владата на премиерот Албин Курти не го преживеа гласањето во косовскиот парламент во ек на пандемијата на коронавирусот.

Косовското собрание гласаше против косовската влада, конкреттно за недоверба гласаа 82. пратеника , 32. беа „против“, а еден гласаше воздржано.

Иницијативата за недоверба е поднесена од Демократскиот сојуз на Косово, кој беше коалициски партнер во Владата.

Разрешување на Владата се бараше поради неукинување на данокот на стока од Србија и БиХ што е поврзано наводно со уништување на односите со Соединетите држави, како и отстранување на Агим Велиу од функцијата министер за внатрешни работи по спорот околу тоа дали да се прогласи вонредна состојба за борба против коронавирусот.

Велиу ги поддржа повиците на косовскиот претседател Хaшим Тачи за вонредна состојба, додека Курти ваквата мерка ја оцени како драстична и го отповика министерот Велиу.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.