Вторпат негативен тестот на Меркел на коронавирус

И вториот тест на германската канцеларка Ангела Меркел е негативен на коронавирус, соопштија од нејзиниот кабинет. Таа од неделата е во самоизолација затоа што била во контакт со доктор кој е заразен од вирусот.

Првиот тест на канцеларката во понеделникот беше негативен.

„Таа е добро и од дома телефонски разговара со претставниците на меѓународната заедница“, рече портпаролот Штефан Зајбер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.