Први знаци на тренд на намалување на заразени со коронавирус во Германија

Шефот на германскиот Институт за јавно здравје „Роберт Кох“, Лотар Валтер, тврди дека стапката на заразени со коронавирус во земјата покажува тренд на опаѓање, истакнувајќи дека тоа е успех на мерките што ги воведе Германија.

„Гледаме знаци дека кривата благо се спушта“, рекол Валтер додавајќи дека ваквиот тренд дефинитивно ќе може да се потврди в среда.

Германија е меѓу првите земји во Европа кои воведа низа мерки, меѓу кои и затворање на училиштата и ограничување на јавните собири.

Во Германија досега се регистрирани 24.094 случаи на заразени со Ковид-19, 94 смртни случаи, а 266 се излекувани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.