Косово ги укина царините за српската стока
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 27 Февруари 2020
Премиерот на Косово, Албин Курти, најави дека трговските давачки за српската стока ќе бидат укинати од 15 март. Тој го објави ова на прес-конференција, пренесеоа агенциите.
„Со добра волја од наша страна, ние ги укинуваме царините за увоз на производите“, рече тој.
Зголемувањата на трговските давачки за стоките од Србија, како и од Босна и Херцеговина од страна на Приштина беше воведено на 21 ноември 2018 година, што го замрзна политичкиот дијалог со Белград. Штетата на Србија од ограничувањата надмина 1 милион евра на ден. Претседателот на земјата, Александар Вучиќ, истакна дека укинувањето на дополнителните давачки е услов за продолжување на дијалогот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс