Тензија во Солун: Двата случаи на коронавирус во градот ги исплашија Грците

Напнатост во Солун, Грција, откако се потврдија двата случаи на КОВИД-19 во градот. Луѓето веќе се снабдуваат со храна и неопходните работи, пишуваат грчките медиуми.

 

Половина од жителите се загрижени за тоа што се случува и затоа масовно ги купуваат најпотребни производи од маркетите и аптеките. Избегнуваат излегување, обидувајќи се да ги следат насоките за да не бидат во густо населени места. Другата половина е на мислење дека коронавирусот е вирус како и сите други и нема простор за паника.

 

„Поради вирусот, луѓето се плашат и претпочитаат да останат дома. Мислам дека нема смисла да се стори тоа, но улиците се сè уште празни“, коментирал анкетиран локален жител.

 

„Тоа е вирус како и секој друг. Ние само треба да ги оддржуваме рацете чисти и да не бидеме меѓу многу луѓе. Јас сум бремена, што да правам? Мислам дека сè ќе биде добро, само треба да внимаваме на хигиената“, коментирала жителка на Солун.

 

„Лекарите во Солун се многу способни, така што не сум загрижен. Немаме од што да се плашиме“, изјавил човек, кој живее во градот.

 

На контролните пунктови на границите продолжуваат масовните проверки на лицата кои влегуваат во државата, изјавуваат надлежните институции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.