Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната здравствена комисија.

Според податоците на Комисијата, 26 од смртните случаи се во покраината Хубеи и по еден во Пекинг, Хеилонгијанг и Хенан.

Од Комисијата соопштија дека вчера се регистрирани 508 сомнителни случаи.

„Во средата 2.750 пациенти се отпуштени од болница откако се опоравиле, додека бројот на тешки случаи се намали за 406 на 8.346“, се наведува во соопштението.

Вкупниот број на потврдени случаи во Кина до крајот на вчерашниот ден е  78.497, а вкупниот број на смртни случаи е 2.744.

До крајот на вчерашниот ден имало 2.358 сомнителни случаи, а вкупно 32.495 луѓе се отпуштени од болница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.