Европа регистрира потврдени инфекции со коронавирус

Уште неколку европски земји ги прогласија првите случаи на заразени од коронавирус. Се претпоставува дека сите тие се поврзани со епидемијата во Италија.

 

Австрија, Хрватска, Швајцарија, Грција и Македонија веќе објавија дека случаите се однесуваат на лица кои биле во Италија. Алжир го стори истото.

Првиот позитивен тест за вирусот е направен и во Латинска Америка, на маж од Брсазил, кој се вратил од Италија.


Во последниве денови, Италија стана најпогодената земја во Европа со повеќе од 300 заразени и 11 смртни случаи. Сепак, соседните земји одлучија дека затворањето на границите не е неопходно во оваа фаза.



„Разговаравме за важни прашања што ја зајакнуваат нашата соработка и нашата способност да бидеме заедно. Првото, особено важно прашање е да ги оставите границите отворени. Затворањето на нив би било несоодветно, прекумерно и погрешна мерка. Ова е заложба на сите земји кои граничат со Италија, обврска да споделат и координираат какви било информации“, рече министерот за здравство Роберто Сперанза.








Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.