Прв случај на коронавирус во Грција

Грчките власти го потврдија првиот случај на инфекција со новиот коронавирус, објави Ројтерс. Тоа е 38-годишна жена која патувала во Италија.

 

Таа е хоспитализирана во Солун. Информациите ги објави министерот за здравство во земјата.

 

Говорејќи пред новинарите во име на Комитетот за експерти за заразни болести на Министерството за здравство, Димитрис Циодрас истакна дека повеќето случаи на коронавирус се благи. Тој ја повика јавноста да ги следи правилата за хигиена според препораките.

 

Во вторникот, властите претставија мерки што Грција ќе ги преземе во случај на епидемија, вклучително и затворање на многу места за собирање луѓе и наметнување ограничувања за патувања.


Мерките наведени во законодавството вклучуваат привремени забрани за патувања до и од земји со голем број на инфекции и овозможуваат да се бараат легла во хотели и приватни клиники.

 

Тие, исто така, предвидуваат привремено затворање на „места за јавни собири во затворен простор“, како што се училишта, места за богослужба, универзитети, театри, кина, спортски и уметнички места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.