Во Албанија регистрирана првата жртва од свински грип

Во Албанија е регистрирана првата жртва од свински грип, а уште четири лица се заразени од вирусот АХ1Н1.  Починал 45-годишен жител на градот Скрапар, кој од Регионалната болница во Берат вчера попладне бил префрлен во Инфективната клиника во Тирана во тешка состојба, со многу висока телесна температура и проблеми во дишењето.

Инфектологот Етлева Вила, од болницата во Берат за медиумите потврди дека починатиот немал контакт со области зафатени со коронавирус. Таа потврдува дека имале и четири други случаи на заразени со вирусот АХ1Н1. Во Албанија, на почетокот на минатата година, четири лица починаа од овој вирус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.