Во Кина се уверени дека е најдена вакцина против коронавирусот

Кинеските власти се уверени дека епидемијата на новиот коронавирус ќе биде поразена и нормалниот живот во повеќето делови на земјата ќе биде обновен до крајот на февруари, пренесуваат светските агенции.

 

„Веќе е развиена вакцина што овозможува да се формира имунитет. Треба да се доработи и да се тестира понатаму“, изјави кинескиот амбасадор во Москва, Јанг Ханхуи пред новинарите.

 

„Во Кина, убедени сме дека во блиска иднина ќе издвојуваме конечна победа над епидемијата“, рече амбасадорот, цитиран од медиумите. „Овој месец ќе се врати нормалниот ритам на животот. Секако, во срцето на епидемијата, мислам дека тој момент ќе дојде подоцна - некаде во март“, рече Хунхуи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.