Турција и Пакистан ги затвораат своите граници со Иран поради коронавирусот

Властите во Турција и Пакистан објавија дека ги затвораат границите со Иран, каде коронавирусот продолжува да се шири со полна сила.

 

„Ние ја затворивме границата со Иран поради повеќекратни извештаи за случаи на коронавирус во таа земја“, рече висок владин претставник во југозападната пакистанска провинција Балочистан, која граничи со Иран.

 

Во Иран се пријавени 43 случаи и досега починале осум лица како резултат на вирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.