КОРОНАВИРУС ВО ЕВРОПА: Италија ги блокира градовите во кои има заразени

Мерки за итни случаи во Италија поради коронавирусот. Со цел да се запре најголемото огниште во Европа, многу градови во северниот дел на земјата беа предмет на целосна блокада.

 

Премиерот Џузепе Конте најави план за итни случаи за справување со болеста, од која веќе се заразени 79 лица.

 

Италија воведе итни мерки откако вчера две лица починаа од коронавирус. Голем број градови во северниот регион Ломбардија и Венето беа ставени во карантин.

 

„Се договоривме за серија предлози за решавање на епидемијата што ја испративме до владата. Очекуваме тие да бидат усвоени во наредните часови. Она што можам да кажам е дека само во Ломбардија, бројот на заразени лица се зголеми на 39“, рече гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана.

 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави план за итни случаи. На луѓето ќе им биде забрането напуштање и влегување во карантирани области. Сите училишта се затворени, откажани се спортски настани. Доколку е потребно, полицијата и вооружените сили ќе ги користат сите свои овластувања за да воведат мерки.

 

„Блокадата е добар начин да се запре ширењето на вирусот. Всушност, сè е веќе затворено. Сите болници и јавни места се затворени“, коментира Пјеро, жител на градот Касалпустерлиенго.

 

На околу 50.000 луѓе во неколку градови им било наредено да не ги напуштат своите домови. „Коронавирусот е голем проблем и затоа треба да се преземат мерки на претпазливост. Морам да го заштитам моето здравје, како и здравјето на моето семејство “, рече Јасин, жител на Касалпултерлинго.

 

И покрај мерките што се наметнати, италијанските власти стравуваат дека вирусот веќе се раширил надвор од изолираните области на Ломбардија и Ванија, и ќе биде тешко да се контролира.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.