Втора жртва на коронавирусот на бродот во карантин во Јапонија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 23 Февруари 2020
Трет патник починал откако бил заразен со коронавирус на крстаречкиот брод кој се наоѓа во карантин во близина на Јапонија, пренесоа агенциите.
Според информациите од Министерството за здравство, починатиот е Јапонец над 80 години и страдал од други заболувања. Тој бил евакуиран од бродот и однесен во локална болница по позитивниот тест COVID-19, се вели во соопштението, без да се прецизира кога бил тестиран или каде бил лекуван. Според одделот, причината за неговата смрт била пневмонија.
Мажот почина откако двајца други постари патници, исто така Јапонци над 80 години, починаа во четвртокот откако биле заразени со вирусот. И покрај карантинот што се наметнува на крстаречкиот брод, повеќе од 600 луѓе на бродот се заразени со вирусот, а неколку десетици се во сериозна состојба.
Севкупно, Јапонија досега забележа четири смртни случаи од коронавирус. Повеќе од 130 се заразени, не сметајќи ги оние на бродот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс