Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми.

Американски официјални претставници изјавија дека во руски извештаи неосновано се тврдело дека Америка започнала со појава на епидемијата. Илјадници профили на Твитер, Фејсбук и Инстаграм ја злоупотребија оваа теорија, посочуваат официјалните лица. на САД.

Одговарајќи на овие наводи, руското Министерство за надворешни работи вчера ги отфрли како „лажни“.

„Ова е намерно лажна приказна“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за руската новинска агенција Тасс.

Претходно, високиот функционер на американскиот Стејт департмент, Филип Рикер, изјави дека „малигните“ руски актери се обидувале да сеат дезинформации за потеклото на коронавирусот. Една теорија на заговор, циркулирајќи на Интернет на неколку јазици, тврди дека вирусот е обид за водење „економска војна против Кина“.

„Со ширење дезинформации за коронавирусот, руските „малигни“ актери повторно избираат да ја загрозат јавната безбедност со тоа што ќе го одвлечат вниманието од глобалниот здравствен одговор“, рече Филип Рикер, в.д. заменик државен секретар за Европа и Евроазија, за новинската агенција АФП.

Објавите исто така го обвинија и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс за вмешаност во епидемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.