Силен земјотрес на границата меѓу Иран и Турција

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди регионот на границата меѓу Иран и Турција, соопшти Европскиот Медитерански сеизмолошки центар.

Иранските власти соопштија дека нема значи за штети или жртви.

Потресот се случил на длабочина од пет километри, пренесе Ројтерс.

„Наши спасувачки тимови се упатени во таа зона. Досега, немаме извештаи за штети или жртви во областа која не е е населена во провинцијата Западен Азербејџан“ рекол ирански владин претставник за државната телевизија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.