Самсунг затвори фабрика во Јужна Кореја заради коронавирусот

Самсунг денеска објави дека е потврдена инфекција со коронавирус во еден од нејзините погони за мобилни уреди во југоисточниот јужнокорејски град Гуми, со што е затворен целиот производствен капацитет, јавува Ројтерс.

 

Компанијата, која е најголем производител на паметни телефони во светот, објави дека комплексот ќе остане затворен до утрото на 24 февруари. Продавницата во која работеше заразениот вработен ќе остане затворена до утрото на 25 февруари.

 

Јужнокорејските власти денеска објавија дека бројот на случаи на коронавирус во земјата е двојно зголемен на 433, при што локалните власти сугерираат дека нивниот број може да се зголеми значително, бидејќи повеќе од 1.000 луѓе во градот Даегу, од каде започнала инфекцијата, веќе покажале симптоми слични на грип. Сите тие се ставени во карантин во нивните домови и ги проверуваат надлежните за вирусот.

 

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести пријави 142 нови случаи утрово и уште 87 попладне. Повеќето од новите случаи се однесуваат конкретно на неселено место во Ксингонгџи во четвртиот по големина град во земјата со население од 2,5 милиони, како и со болницата во општината Чонгдо.

 

Првите позитивни примероци за коронавирус беа објавени во Бусан, вториот по големина град во Јужна Кореја, како и на јужниот остров Џеџу, кој е популарна туристичка дестинација.

 

Властите вчера алармираа и за градот Даегу и општината Чонгдо, каде живеат 43.000 луѓе, и ја прогласија како  „област со специјално внимание“. Таму се испратени дополнителни медицински персонал, медицински материјали и болнички кревети.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.