Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер бил регистриран синоќа во државата Гереро во југозападниот дел на Мексико. 

 

Ова го објави на Твитер Националната сеизмолошка служба на земјата.

 

Според сеизмичката служба, епицентарот бил на 19 км северно од градот Атојак де Алварез, на длабочина од 10 км.

 

Земјотресот се почувствувал и во главниот град на државата. Нема информации за жртви и повредени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.