Ново силно невреме во Велика Британија

Тинејџер и пензионер починаа во Велика Британија во второто големо зимско невреме овој месец.

 

Бурата Денис донесе дожд, големи бранови и ветер со брзина од над 100 км на час. Најмалку 40.000 луѓе се погодени од невремето, а биле откажани над 230 летови.

 

Војници биле испратени во Западен Јоркшир, за да им помогнат на локалните власти за справување со поплавите. Тие изградиле бариери за ограничување на водостојот на реките. Возовите биле одложени на околу десетици станици низ Велика Британија, а многу возачи ги уништиле своите автомобили на поплавените патишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.