Ноќевање во Давос чини 2.700 евра

Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, и пристигнувањето на најмоќните луѓе во светот, придружувани од бројни делегации и уште поголем број медиуми, ги наполнија сите сместувачки капацитети.

 

Според информациите на Booking.com за неколкуте преостанати соби во Давос потребно е да се издвојат помеѓу 1.676 и 2.794 евра за една ноќ.

 

Светскиот економски форум во Давос беше отворен синоќа, а првите сесии започнаа денес.

 

Само трошоците за безбедност се проценуваат на 40 милиони франци.

 

Дводневниот престој на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги чини американските даночни обврзници повеќе од 3,4 милиони долари за изнајмување автомобили и хотелски соби.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.