ОПЕРАТА НА УЛИЦА: Париските пејачи и музичари штрајкуваат против пензиските реформи

Париската опера настапи на улица. Музичарите штрајкуваат против намерата на владата да воведе нови пензиски реформи.

 

Операта беше затворена, но изведувачите не сакаа да ја повредат публиката и на минувачите бесплатно им ги изведоа познатите арии на оперите од Верди и Бизет.

 

Во Франција, правилата за пензија на танчери, пејачи и музичари датираат од 1698 година. Владата сега сака да стави крај на предвременото пензионирање, договорено со кралот Луј XIV пред повеќе од 2 века.

 

„Ние се бориме со нашите инструменти и со што можеме. Музичарите свират, пејачите пеат, танчерите танцуваат. Операта е целосно мобилизирана против оваа реформа“, рече виолинистот во Париската опера, Жан-Чарлс Монсиро.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.