Домот на лордовите се сели надвор од Лондон

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да го пресели Домот на лордовите, од палатата Вестминстер, во Јорк, пренесува „Тајмс“.

 

„Минатата недела премиерот нареди да се завршат сите практични прашања поврзани со преместување на Домот на лордовите“, пишува весникот.

 

Како што е пренесено, неискористеното земјиште во близина на државната железничка станица Јорк ќе биде главната локација за изградба на новоти „засолниште“ за Горниот дом на британскиот парламент.

 

Според планот „да се повлече Домот на лордовите од Лондон“, новото место ќе се избере за време на уставната реформа, која ќе започне напролет. Како дел од истиот процес, ќе бидат разгледани надлежностите и функциите на Врховниот суд и министерот за правда.

 

Дизајнот на новата зграда ќе биде избран врз основа на резултатите од архитектонскиот натпревар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.